Села: Mоите ставови не се насочени против ниедна етничка заедница

Зијадин Села од Алијансата за Албанците, тврди дека власта и медиумите блиски до неа деновиве го оцрнуваат вадејќи му стари снимки и изјави од пред изборите, дадени во жарот на изборната кампања..

Села во изјава за  Телма вели дека и сега ги брани барањата од интерес на Албанците во Македонија, но дека не гледа никаков радикализам кај себе.

„Јас немам проблеми со моите ставови и не се насочени кон ниеден во државата против ниедна етничка заедница. Сите тие кои имаат проблеми мислам дека треба да седнат и да си разговараат со себеси какви политички кариери имаат градено во изминатите години“ – вели Села.

Јас немам градено политичка  краиера повикувајќи на „гасни комори“ за Албанците или било кој друг народ , додава Села. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top