Села во Кичево вети поддршка на кандидатот на ДУИ, што ќе порача Ахмети во Струга

Дозволете ми овде во Кичево јавно да апелирам и да му давам поддршка на Фатмир Дехари од ДУИ за повторно да биде избран за градоначалник, изјави Зијадин Села, првиот човек на коалицијата Алијанса за Албанците..

„Но, исто така ќе ми дозволите јавно да го прашам Али Ахмети со какви пораки тој ќе дојде во Струга ако веќе јас доаѓам овде во Кичево со порака за заедништво“, изјави Села во Кичево.

Кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. И Зијадин Села е кандидат за градоначалник на општина Струга.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top