Семејната трпеза е момент на среќа која не се враќа - Пејачот Марјан Коцев прослави една деценија љубов со Билјана

Популарниот фолк пејач Марјан Коцев пред неколку дена проослави 10 години од бракот со неговат сопруга Билјана, со која ја имаат ќеркичката Дуња и синчето Данило..

Да се биде со ист човек цела една деценија, во ова турбулентно време, може да придонесе само љубовта, разбирањео, почитувањето и компромисот. Никој досега не измислил најважно правило за успешен брак.  Сите кои го чекорат брачниот пат со децении велат дека овие неколку работи се важни за успешен брак и ништо друго. Со ова се согласуваат и брачниот пар Коцеви, кои за ммс.мк ги споделија своите убави и не толку убави моменти од заедничкиот живот.

-Да, 10 години! Брзо поминаа, а што би рекле јас и сопругата, ние како да славиме пет години заедно, а тоа е одраз на моите чести отсуства од дома, турнеи, патувања, и кога ќе собереме колку сме биле заедно како само пет години да се. Кога пред некој ден со Билјана ја славевме годишнината се присетивме на моментот насвадбата. Беше најжешкиот ден тоа лето 2010 година, а ние пресреќни, бидејќи бевме со своите семејства и наши пријатели кои дојдоа од сите страни на светот, да се провеселиме за нашиот нов “пат”, во брак, вели Марјан и додава:

„И почнавме да си го одиме. Како и во сите семејства, така и во нашето има и убави, преубави моменти, има и не толку убави моменти, но тоа е животот, го чекориме, го градиме, го живееме заедно. За овие 10 години, први најубави моменти се раѓањата на нашите две деца, ќерката на тато Дуња,која има 6,5 години и синот на татко Данило,  кој е неполни две годинки. Нивното растење, развивање, обврската кон нив е нашето секојдневие, и со нив двајца ја добивме смислата за тоа што значи брак, радост, сплотеност“, вели тој.

Освен раѓањето на дечињата Билјана и марјан од својот брак за овие 10 години ќе ги паметат и по преубави патувања, како во Австралија, така и по цела Европа.

-Во следните 10 години и ветив дека и во Америка ќе ја прошетам. Но, ова лошо време кое не најде последниве четири месеци, е лошо во однос на мојата професија, но е многу многу добро за сплотување со моите ангели дома. Јас Билјана и децата постојано сме заедно, се радуваме на се што се случува дома, не сум отсутен, нема настапи и сега сме целосна среќна фамилија. Ке дојдат и подобри времиња, ќе почнеме повторно да шетаме, да се дружиме, но времето за растење на децата, и “трпезата на смејниот ручек” се моменти кои брзо поминуваат и не се враќаат назад. И во убаво и во лошо, и во среќа и во тага, јас и Билјана сме заедно, и го градиме нашиот пат, вели пејачот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top