Семејството на Сала му е благодарно на Лео Меси кој успеа повторно да ја покрене истрагата

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала се уште не е пронајден откако кон почетокот на неделата се сруши авионот во кој се наоѓаше овој фудбалер..

Сала беше на пат за Кардиф кога авионот исчезна од радарот и многумина се сигурни дека тој е срушен во морето. Официјалната истрага по Сала траеше неколку дена, а потоа полицијата одлучи да ја прекине откако го поминаа поголемиот дел од Англискиот канал.

Овие вести го потресоа семејството на аргентинскиот напаѓач кое се уште верува во чудо и вест дека Сала ќе биде пронајден жив. Тие испратија апел истрагата да продолжи, па започнаа да собираат пари со цел да го овозможат тоа.

Голем број ѕвезди апелираа на социјалните мрежи да се покрене истрагата, а најмногу воодушеви Нголо Канте кој плати дел од парите за експедицијата да ја започне истрагата. Но, семејството на Сала призна дека сето ова започна откако Лионел Меси објавил апел на Инстаграм.

Од тој момент почнале да пристигнуваат уплати од целиот свет, па од семејството на аргентинскиот напаѓач открија дека во моментов имаат 200.000 евра и дека им недстасуваат уште 100.000 за целосна истрага. Тие му се заблагодарија на Меси и порачаа дека не можеле да веруваат дека само една порака на Инстаграм може да покрене толку многу луѓе од целиот свет.

Покрај Меси и Канте, познато е дека пари за истрагата донирале Илкај Гундоган, Џофри Кондогбија, Корентин Толисо и Максим Гоналон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top