Сенатот на САД го потврди наследникот на Џес Бејли

САД официјално има нов амбасадор во Македонија..

Сенатот на САД на вчерашното гласање ја потврди Кејт Мари Барнс за нова амбасадорка во земјава на местото на Џес Бејли. Се работи за дипломат од кариера, која досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина.

-Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар – рече неодамна Барнс пред Сенатот додека ги претставуваше своите приоритети во Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top