Серија „А“ потроши повеќе од една милијарда евра за трансфери

Клубовите од Серија „А“ веќе инвестираа повеќе од една милијарда евра во привлекувањето нови играчи. До крајот на трансфер пазарот во Италија има само една недела. Тимовите ќе можат да склучуваат договори до 17 август..

Јувентус е тимот кој потрошил најмногу пари за привлекување нови фудбалери. „Бјанконерите“ инвестираа до сега 256,9 милиони евра. Италијанскиот шампион исто така е тим со најголеми трошоци за трансфери во цела Европа ова лето.

Кристијано Роналдо чини 117 милиони евра. „Бјанконерите“ извадија уште 40,4 милиони евра за Жоао Кансело од Валенсија, 40 милиони евра за Даглас Коста од Баерн, а исто така и 35 милиони евра за Леонардо Бонучи.

Единствениот трансфер во италијанските топ 5, кој не игра за Јувентус, е на Интер. „Неразурите“ дадоа 38 милиони евра за Раџа Наинголан.

Рома исто така се многу активни на пазарот на трансфери, но добро избалансирани. „Волците“ привлекоа 11 нови засилувања до овој момент, а спортскиот директор Мончи не сопира и бара уште барем двајца нови играчи.

Рома до овој момент потроши 110 милиони евра, а Наполи инвестира 84 милиони евра во привлекувањето на нови засилувања.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top