Сервер: Цел Балкан ќе се приклучи на НАТО до 2020 година

Црна Гора и Македонија веќе ги исполниле условите за членство во НАТО.

Американскиот аналитичар Даниел Сервер оцени дека до 2020 година сите земји од Балканот ќе станат членки на НАТО.

Сервер, кој силно ја поддржува независноста на Косово, истакна дека Србија во следните неколку години би можела да го смени ставот во врска со Алијансата, посебно ако Косово направи исчекор на овој пат.

- Србија сега не е подготвена за таков чекор, но сметам дека нема да поминат повеќе од неколку години пред да се урне ова табу, додаде Сервер.

Според него, Црна Гора и Македонија веќе ги исполниле условите за членство во НАТО, додека Косово штом ги формира своите безбедносни сили ќе сака што побрзо да влезе во Алијансата.

Сервер, кој предава на Универзитетот „Џон Хопкинс“, има слично мислење и за БиХ.

- Тоа ќе биде добар крај на приказната за војните, кои започнаа пред речиси 30 години, заклучи Сервер, предвидувајќи влез на регионот во НАТО на почетокот на следната деценија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top