Сестрите близначки од Прилеп добија стипендии од Институтот за спорт на Австралија

Маријана и Мишела Димоски, македонските репрезентативки кои сега живеат и учат во Австралија, со резултатите што ги постигнаа на официјланите првенства на оваа држава добија стипендии од Институтот за спорт на Австралија и потпишаа договори..

„Тестовите траеја три недели. Сите тестови беа позитивни. Тоа е врвна инстистуција која се грижи за врвните спортисти на Австралија од рангот на еден Јан Торп. Има седум нивоа на елитни спортисти за кои се грижи Институтот.

Прво е нивото подиум, во кое се вклучени Јан Торп и спортисти кои освоиле медали на Олимпијада.

Второ е подиум рејади, спортисти кои имаат пласман на светски првенства, Океанија, Комонвелтот во првите 5, и уште пет други нивоа. Има стипендија за домашни првенства и меѓународни, кои се во категоријата на меѓународни.

Стипендијата се состои во помош од експерти за спорт и доктори специјалисти за спортска медицина и перформанси, конидциони, психолошка подготовка нутриционизам и друга грижа на врвни спортски експерти, вклучувајќи и лични советници за каквибило прашања поврзани со напредок на стипендистите, како и комплетна спортска опрема“, вели нивниот тренер и татко Златко Димоски за “Ипон”.

Близначките Маријана и Мишела почнале со редивни тренинзи на Институтот каде што условите биле одлични.

„По секој тренинг имаат обезбедено исхрана и термини за релаксација во вода и санирање на замор и повреди со физиотрапевт. Утре ја добиваат опремата. И официјално се дел и рамо до рамо со елитните спортисти на Австралија во пливање, атлетика, сурфање, бејзбол, рагби, велосипедизазам. Многу се радосни и полни со енергија и мотив. Следната недела ќе настапат на континенталното Океанија првенство во Оукленд во Нов Зеланд“, истакнува Димоски.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top