Северна Кореја бара од САД да го тргнат Трамп од функцијата

Северна Кореја одговори на строгите зборови на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека Соединетите држави би требало да го сменат од функцијата.

Севернокорејската државна телевизија објави дека Соединетите држави би требало да го сторат тоа за да избегнат пропаѓање. „САД треба да се држат до овој совет ако не сакаат страшна нуклеарна катастрофа и трагична судбина“, се наведува во пораката.

Пред посетата на Кина во рамките на азиската турнеја, Трамп во парламентот на Јужна Кореја ја предупреди Северна Кореја да не ги потценува САД и ги повика „сите одговорни држави да се здружат за да го изолираат бруталниот севернокорејски режим“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top