Северна Кореја: Денуклеаризацијата не е на преговарачка маса

Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Сонг изјави денеска дека денуклеаризацијата не е на преговарачка маса со САД и не се потребни долги преговори со Вашингтон..

– Веќе не се потребни долги преговори со САД, бидејќи денуклеаризацијата веќе не се наоѓа на дневен ред на разговорите, истакна Сонг.

Тој оцени и дека „суштинскиот“ дијалог што го бараат САД претставува „само трик“ за да се добие на време, што е согласно американската политичка агенда.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top