Северна Кореја испали два непознати проектила покрај својот брег

Северна Кореја истрела „два неидентификувани проектила" во морето покрај својот источен брег, јави агенцијата Јонхап..

Заедничкиот штаб на јужнокорејската војска објави дека Северна Кореја испалила два проектила со краток дострел од воениот комплекс Сондок, додава Јонхап.

Проектилите летале околу 380 километри и достигнале висина од 97 км, се додава од Здружниот генералштаб, наведувајќи дека Јужна Кореја по ова лансирање свикала седница на Советот за национална безбедност.

„Нашата војска ги следи потезите на Северна Кореја и во случај на дополнителни лансирања, подготвена е за сите можности“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Северна Кореја во последниве неколку дена спроведе серија ракетни тестови со краток дострел во знак на протест против американско-јужнокорејските воени вежби кои ги гледа како закана.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top