Северна Кореја истрела неидентификувана ракета над Јапонија

Ракетата поминала над северниот дел на Јапонија и според соопштението на Јапонскиот систем за рано предупредување и паднала во Тихиот Океан..

Северна Кореја рано изутринава по локално време истрела неидентификувана ракета од квартот Сунан во главниот град Пјонгјанг кон исток, соопшти јужнокорејската армија.

Ракетата поминала над северниот дел на Јапонија и според соопштението на Јапонскиот систем за рано предупредување, паднала во Тихиот Океан на околу 2.000 километри источно од островот Хокаидо.

Проектилот веројатно прелетал 3.700 километри и достигнал височина од 770 километри, јавува агенцијата Јонхап.

Според Пентагон, денешната истрелана балистичка ракета од страна на Серверна Кореја е со среден дострел и таа не претставувала закана за американската територија Гуам.

Властите во Токио сметаат дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета. Вооружените сили на Јапонија не се обиделе да ја соборат ракетата.

Тоа е шести пат Пјонгјанг да истрела ракети над јапонска територија.

Јапонската Влада упати најостри критики поради најновите провокации на Северна Кореја.

Новата ракетна проба не влијаела на внатрешните и меѓународните авионски летови, соопштија денеска двата јапонски авио превозници „Ол Нипон Ервејз“ и „Џeпaн Ерлајнс“.

Сепак, времено бил прекинат железничкиот сообраќај во повеќе северни и североисточни реони на Јапонија.

Советот за безбедност на ОН денеска итно ќе се состане поради најновото ракетно тестирање на Северна Кореја, кое е извршено само неколку дена откако СБ на ОН усвои нови санкции против Пјонгјанг поради шестата нуклеарна проба на 3 септември.  



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top