Северна Кореја лансирала неколку проектили во Источното море

Северна Кореја испалила неколку проектили во Источното море, соопшти началникот на генералштабот на Јужна Кореја..

Не се соопштени детали околу тоа колку проектили биле лансирани, пренесува агенцијата Јонхап.

Ова е четврти пат во овој месец Северна Кореја да лансира неидентификувани проектили. Последниот пат тоа го сторила на 21. март.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top