Северна Кореја пушти 3.600 лица од карантин

Севернокорејските медиуми објавија дека земјата го укинала карантинот заради коронавирусот за повеќе од 3.600 луѓе..

Околу 3.650 луѓе се пуштени од карантин од четвртокот, вклучувајќи 1.020 од провинцијата Кангун и 2.630 од провинцијата Чангг.

Северна Кореја досега нема пријавено ниту еден случај на коронавирусот, а многумина веруваат дека може да дојде до епидемија поради границата со Кина.

Севернокорејските медиуми исто така објавија дека 221 од 380 странци биле пуштени од карантин во петокот наутро.

Најмалку 7.000 луѓе се наоѓаат во карантин заради симптомите на вирусот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top