Северна Кореја се заканува на САД со „нуклеарен напад и уништување“

Борбата на зборови помеѓу Северна Кореја и САД продолжува, а овојпат властите на азиската држава отидоа чекор подалеку и се заканија дека ќе ги уништат САД доколку тие продолжат со провокациите..

„Северна Кореја не се плаши од санкции, притисок и војна, затоа што ние сме најсилната држава во светот на полето на нуклеарното вооружување“, стоеше во изјавата која ја дадоа претставници на државниот врв на Северна Кореја за новинската агенција KCNA.

„Во случај САД да се одлучи да се противи на нашите одлуки, ние сме спремни за војна. Тие ќе се соочат со страшен нуклеарен напад и тотално уништување.

Доколку САД се решат повторно да не провоцираат, спремни сме први да нападнеме“, заврши изјавата.

Одговорот на Северна Кореја следува по заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој на своето прво обраќање на Обединетите Нации ги предупреди државниците на Северна Кореја дека ќе бидат нападнати доколку не ги почитуваат санкциите кои им беа изречени.

„САД нема друга опција освен да ја нападне Северна Кореја и тотално да ја уништи, доколку тие не ги почитуваат нашите желби“, изјави Трамп.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top