Северна Кореја: Трамп се согласил на постепена денуклеаризација

Ким Џонг Ун ќе стави крај на нуклеарната програма.

Северна Кореја соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се согласил на „чекор по чекор“ денуклеаризација, процес во кој секоја земја ќе презема симултани и реципрочни потези за намалување на тензиите и етаблирање на мирот меѓу долгогодишните непријатели. 

Во официјалното соопштение на Пјонгјанг објавено денеска по историскиот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидр Ким Џонг Ун во Сингапур се додава дека Ким го поканил Трамп да ја посети Северна Кореја и оти тој ја прифатил поканата од Трамп да ги посети САД.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top