Северниот магнетен пол се движи премногу брзо кон Сибир

Иако требаше да се ажурира во 2020, до 2018 година толку се наруши што беше потребно итно ажурирање..

Северниот магнетен пол – правецот кон кој покажува стрелката за север на компасот – се поместува од Канадскиот Арктик и се движи кон снежниот Сибир во Русија, со брзина од над 55 километри годишно, што е трипати побрзо отколку што се движеше пред 1990 година, според Националната служба за океани и атмосфера на САД и Британската служба за геолошки истражувања.

На основа на Светскиот магнетен модел се нагодуваат сите навигации (GPS) од Google Maps на смартфоните до бродските системи. Светскиот магнетен модел се ажурира на секои пет години со цел современата навигација да може да ги следи промените во Земјиното магнетно поле.

Според проценките на научниците, оваа грешка се должи на комбинираниот ефект на глобалното геомагнетско забрзување што се појави во периодот од 2015 до 2016 и брзите промени на магнетното поле во самото северно поларно подрачје.

За да се исправи моделот, научниците во него вклучија податоци собрани во последните три години, вклучувајќи го и забележаното геомагнетно поместување од 2016. Новиот модел треба да остане точен сѐ до следното редовно ажурирање во 2020 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top