Шефот на грчката дипломатија на средба со Помпео во Вашингтон

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и неговиот американски колега Мајк Помпео денеска ќе се сретна во Вашингтон..

На средбата се очекува да разговараат за прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес.

Дендиас ќе престојува во дводневна посета на САД, а ќе оствари средби и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон, со сенаторот Боб Мендез и ќе учествува на министерската конференција за унапредување на верската слобода што ќе се одржи во Вашингтон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top