Шехтански: ДПМНЕ да каже дали ќе го поништат договорот со Грција, ако не, тогаш зошто бараат власт

Фејсбук статус на Ванчо Шехтански..

,,Враќање на шеснаесет кракото сонце за државно знаме, кое сдсм го смени на 5 октомври 1995 и ревизија на приватизацијата беа главните ветувања на дпмне за победа на изборите 1998. Победи, но тоа не се случи.

Поништување на рамковниот договор 2001 и враќање на Струга, Кичево и Чаир во старите општински граници, беше логото за победа на дпмне 2006. Ништо немаше од тоа.

Најотворено прашање до дпмне е дали ќе го поништите договорот со Грција, дали ќе ја прифатите двојазичноста ? Ако не сакате, тогаш кажете барем една причина, зошто да бидете власт ?”


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top