Шекеринска: Наќе Чулев го згреши демантот

Фејсбук статус на Радмила Шекеринска, министерка за одбрана..

Наќе Чулев го згреши демантот. Од нервоза. Кога виде дека не го бранат ни неговите партиски колеги, кога виде дека “го пушта низ вода” потпретседателот на неговата партија, Николовски, во брзањето ги измеша демантите.

Реши да го демантира тоа што не е кажано.

Јас не реков дека припадниците на МВР се заразиле на прославата на МВР, туку дека четворица од припадниците на МВР кои биле на прославата денеска се позитивни на КОВИД 19. Тоа само потврдува дека собирањето на повеќе од 50 лица на едно место, кога сите собири се откажаа поради заразната болест, е врвна неодговорност и ставање на припадниците на МВР и гостите во ризик.

На ова ниту ДПМНЕ ниту Чулев немаат демант. Ова неодговорно однесување покажува колку не се грижат за здравјето на граѓаните, ниту за своите колеги.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top