Шекеринска: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за закон во кој се смени името на Армијата

Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ прво гласале за закон во кој се сменило името на Армијата, а кога дошол на ред законот за одбрана тие измислиле приказна дека се против промена на името..

-ВМРО-ДПМНЕ гласаше за закон во кој името на Армијата се прилагодува со уставните измени за името. За овој закон не беше потребно двотретинско мнозинство, а пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа. Кога дојде на ред законот со кој НАТО ќе може да и помогне на Македонија, вие измисливте приказна дека сте против промена на името на Армијата. На крај ваша пратненичка тргна да се пресмета со колешка зашто тоа го кажа на говорницата. Не сакам да верувам дека овој собраниски состав почна со насилство од ВМРО-ДПМНЕ и заврши со насилство од ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top