Шекил О'Нил: Нема зборови со кои можам да ја опишам мојата болка...

Легендарниот Шекил O'Нил кој во добар дел од својата кариера играше заедно со Коби Брајнт е облиен во тага по трагичната вест за својот пријател..

Шекил O'Нил дури осум години играше заедно со Коби Брајнт во Лос Анџелес Лејкерс. Двете кошаркарски легенди беа и исклучително добри пријатели.

Шек е скршен од болка по трагичната вест за Коби Брајант.

„Нема зборови со кои можам да ја опишам болката низ која поминувам поради оваа трагедија во која ги изгубив мојата убава Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Ве сакам, ќе ми недостасувате. Моето сочувство оди до фамилијата на Брајант и до фамилиите на другите патници. Тешко ми е“, напиша Шекил О'Нил.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top