Шеќеринска: Незаконските решенија на Иванов за унапредување во Армијата треба да се поништат

Таа смета дека новоизбраниот претседател Стево Пендаровски има ингеренции да постапува во врска со овој случај и очекува тој тоа да го направи..

Унапредувањата и именувањата во Армијата од страна на Иванов, а за кои Антикорупциската комисија утврди дека се незаконски треба да се поништат, а парите од зголемените плати што ги добивале да ги врата, но најважаната порака е дека Законот важи за сите – кажа денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која исто така наведе дека Антикорупциската комисија за овие случаи побарала и дополнителни документи од Министерството кои ќе им бидат доставени во понеделник.

„Тоа значи дека оние решенија кои што се исплатени повисоки плати, тие не само што ќе мора да бидат поништени, туку се разбира дека ќе треба да се вратат. Мислам дека помал дел од проблемот беа платите, бидејќи едно од тие решенија не беше донесено. Јас требаше да го донесам и јас кажав дека нема да бидам соучесник во кршење на законите и не го направив тоа. Мислам дека многу поважна беше политичката порака, дека законот важи за и секој претседател, како што важи за премиер, како што важи за министер, рече Шекеринска.

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период, што е непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Иванов уште не ја палтил казната за прекршочната постапка која се движи од 300 до 500 евра.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top