Шеќеринска со “жестока осуда” на насилството пред Собранието

Радмила Шеќеринска вечерва, во Отвореното студио на 1ТВ, “жестоко” го осуди насилството што се случи вечерва пред Собранието..

“Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците”, изјави Шеќеринска на 1ТВ вечерва.

Непознати лица го нападнаа снимателот на 1ТВ пред Собрание. Демонстрантите почнале да фрлаат со мали експлозиви и камења кон полицискиот кордон и Собранието.

Во обид да ја долови атмосферата и да го сними настанот, снимателот на 1Тв бил нападнат од неколку демонстранти. Како што јави 1ТВ, демонстрантите му се заканиле на нивниот снимател со наредба да престане да снима и по упатените пцовки и навредливи зборови, го турнале на земја по што се здоби со повреда на рбетот, јавува 1ТВ.

Министерката за одбрана зборуваше за тие што ја создаваат атмосферата на насилство и го спомна како пример 27 април:

“Погледнете што се случуваше на 27 април? Сите оние што ја создаваат атмосферата, хушкаа и поведуваа во насилство, денес мислат дека се виновни само тие што ни ги кршеле главите. Носат одговорност тие што го починиле насилството. Но, оние што ја создадоа атмосферата дека насилството е добредојдено и неопходно, тие носат одговорност. Треба да ги издвоиме тие што бизнис прават од насилство и огромниот број граѓани кои во овој момент се кршат со впечатоците што ги стекнале за време на долгата пропаганда која им вели дека се што ќе се договори мора да е катастрофа и дека било каков компромис е откажување од своето”, изјави Шеќеринска.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top