Шерифско цвилење или пеење?!

Јове Кекеновски – Фејсбук статус.

Она залижаното и лепушкасто бившо Аеродромско градоначалниче многу свилено да ти било!? А јас си мислев фраерчина детево!. Една прекршочна пријава за управување автомобил со флешери и цвили како кутренце.

Де бре младо бившо шерифче. Смири се малку. Дај диши длабоко и не покажувај слабост. Греота е големата насобрана ,,енергија” за сиве овие години на власт да ја трошиш на цвилење. Чувај ја енергијата, ќе ти треба во деновие кои следат.

Замислете мои фб пријатели, па ние и не забележавме дека за време на неговото градоначалникување ова фраерче порасна. Се надмина себе си. Ги надмина сопствените капацитети. Браво. Браво. Е тоа е успех. А кога се работи за успех, не се цвили на прва кривина, туку се пее, се радува.

И затоа му препорачувам на бившто шерифче да го поправи имиџот кој го извалка со јавното цвилење за прекршочната пријава. Наместо да цвили нека пее. Нека пее онака како што пеат неговите ,,блиски” довчерашни патрони и сопартијци во Грција. Пеат брате растураат. Од силното пеење ќе им попуштат гласните жици.

И ако пее, нека пее гласно во еден здив. Нека пее по соствени ноти, зошто досегашното пеење по туѓи ноти го натера да цвили. Тоа е животот, некој таму, некој овде ќе пее. Ама важно ќе се пее.

Јас сум оптимист и сигрен сум дека во блиска иднина ќе имаме одличен хор од пеачи. Кој пее зло не мисли, зошто злото е веќе направено.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top