Шешељ: Горд сум на воените злосторства за кои ме осудија

Војуслав Шешељ денес оцени дека пресудата која против него ја донесе Жалбениот совет во Хаг е противправна..

Тој најави дека ќе преземе мерки против пресудата. Кажа дека пресудата е противправна од формални причини бидејќи, како што кажа, според англосаксонското право не може да се смени ослободувалка пресуда во осудувачка за време на жалбена постапка.

Шешељ истакна дека е очигледно дека Жалбениот совет сака да го припокрие времето што го минал во затвор.

„Тоа им беше единствената цел. Пресудата апсолутно ни на еден правен принцип не е основана. Таа е срамна, како што е срамен и Хашкиот суд во целина. Всушност, тие мене не можеа да ми изречат осудувачка пресуда, само можеа да ја укинат првостепената и да ја вратат на повторна постапка. Осудувачка пресуда можеа да намалат или да зголемат. Бидејќи беше ослободувачка, не можеа да ја сменат во осудувачка. Јас ќе се жалам на оваа пресуда и нема да се откажам од жалба, по ниедна цена“, кажа Шешељ.

Тој кажа и дека е „многу горд на сите воени злосторства и злосторствата против човештвото кои му се ставаат на товар, и дека е спремен во иднина сите повеќекратно да ги повтори“.

Лидерот на српските радикали Војислав Шешељ, според наследникот на Хашкиот трибунал, таканаречениот Механизам за меѓународни кривични судови е одговорен за прогонот и депортацијата на Хрватите од Војводина со одржување на хушкачки говор во Хртковци на 6 мај 1992. Судот го осуди на казна од 10 години затвор и му го призна времето поминато во хашкиот притвор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top