Шест месеци затвор за таткото на Боки 13, Миле Јовановски

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски денеска лично не ја слушна пресудата од 6 месеци затвор..

Не дојде на изрекувањето на кое присуствуваше само оштетениот, неговиот сосед и свештеник Виктор Стојчев. Судот објасни дека казната е таква бидејќи Јовановски го тепал попот пред малолетните деца и жена, после вербална караница за паркинг место. 

За нападнатиот поп на овој начин правдата е задоволена.

Инаку на минатото рочиште Јовановски призна вина, но во изјавите за медиумите рече дека секој би реагирал така на провокациите од попот упатени кон неговиот син.

Инаку ова е прва пресуда за Јовановски. Но за него се води истрага во случајот „Рекет“, каде е осомничен за финансиски малверзации во невладината Меѓународен сојуз, чиј претседател беше неговиот син Бојан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top