Шилегов и Наумовски се „запукале“ во Париз на државен трошок да учат превоз

Мирослав Шиповиќ од СДСМ и некогашен претседател на општина Центар, по отворените критики кон градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овој пат на мета му е градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов..

Шиповиќ во пост на својот Фејсбук профил го критикува Шилегов кој отпатува во Париз, Франција- на државен трошок секако, да ги истражува градските превози. И тоа не сам, туку со него го зел и својот шеф на кабинет, Никола Наумовски.

-Се запукале во Париз да учат превоз? Абе на интернет ја има историјата на градските превози во големите метрополи. Интересно што и Жерновски беше исто таму и со истиот заменик се сретна, а се разбира Општина Центар плати. А сега кој плаќа? И после пратениците земале пари за превоз- напиша Шиповиќ.

Патем, за авионски превоз неодамна градската власт распиша оглас од 90.000 евра за 2018 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top