Шилегов: Пратениците на ДПМНЕ се нервозни поради судските процеси што ги чекаат

Затоа на пратениците на ВМРО ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката.

Ние сме свесни дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. Но, нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки. 

Затоа на пратениците на ВМРО ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на Собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала. 

Доколку навистина веруваат дека нивното толкување на членот 8а од Изборниот законик е такво какво што е и дека разрешувањето на Марко Зврлевски би било незаконито тоа е причина повеќе да се повлечат бесмислените дебати, реторики, реплики и контрареплики на самите себе и ако е навистина незаконито тоа разрешување да може Марко Зврлевски и утре да си поведе постапка за таква незаконитост. – рече Шилегов, порачувајќи оти и покрај блокадите Зврлевски ќе биде разрешен.

Пратеникот зборуваше и за претстојните локални избори и евентуалните кандидати од СДСМ, но не посочи конкретни имиња бидејќи, како што рече, можните листи се анализираат и се подготвуваат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top