Шилегов се поднови со викендица во Маврово од 55.000 евра

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на почетокот од годинава купил викендица во Маврово во вредност од 55.000 евра. Објектот е со приземје и спрат, а вкупно со земјиштето е со површина од 250 метри квадратни..

За „Фокус“ тој вели дека информацијата е стара речиси шест месеци и дека е уредно пријавена во анкетниот лист.

-Откако станав градоначалник ја земав, нешто после Нова година. Куќата е недопраена, треба дополнително да се прави – вели Шилегов.

Според анкетниот лист Шилегов има вкупно четири стана  во Скопје, од кои три се на неговата сопруга, а има уште една куќа во Скопје. Поседува уметнички слики од 3 милиони денари, благородни метали од 8 милиони денари, удели и акции.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top