Шилегов: За одлуките за Скопје 2014 консултација со стручната јавност, моето мислење не е релевантно

Новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, вечерва во гостување на телевизија Телма рече дека проектот Скопје 2014 има два аспекта: криминален и естетски..

Но, додава дека неговото лично мислење не е релевантно колку што е мислењето на стручната јавност.

-Скопје 2014 ќе престане да се гради. На досегашната градба ќе се прави ревизија. Но, сите одлуки ќе се носат со консултација со стручната јавност која досега беше исклучена. Јас имам лично мислење за сите проекти, но сметам дека сега од позицијата на која сум, не е во ред да го кажувам личното мислење за да не влијаам на формирање на мислењето на јавноста, рече Шилегов.

Како први мерки за намалувањето на загадувањето ги најави миењето на улиците и воведување сообраќајни рестрикции кога загадувањето ќе биде високо.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top