Ширер даде интересна изјава: Доведувајки го Санчез, Јунајтед донесе всушност друг играч

Поранешниот капитен на Англија и легенда на Блекбурн и Њукасл, Алан Ширер, кој воедно е и прв стрелец во историјата на Премиерлигата, даде една интересна констатација поврзана со Санчез..

Првите десетина натпревари на Санчез во дресот на Јунајтед не беа задоволителни за навивачите, кои се свртеа против него, од кој бараат да ја подигне формата.

Алан Ширер истакна дека Јунајтед можеби донел погрешен играч, односно неговиот брат близнак.

Манчестер Јунајтед го донесе Алексис Санчез, но изгледа како тие да го довеле неговиор брат близнак, а не Алексис. Тој изгледа како збунето мало момче кое е загубено. Работата е на неговиот менаџер, да го извлече најдоброто од него“, се обиде да биде дховит и прагматичен Алан Ширер во својата изјава,

На натпреварот од ФА Купот, Јунајтед вечерва во прв состав игра без Санчез против Брајтон.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top