Шкотска до ЕУ: Не можете да ги игнорирате чувствата на Каталонците

На Каталонија треба да и биде овозможено сама да ја одреди својата иднина, соопшти денеска шкотската влада, која инсистира дека меѓународната заедница не смее да ја игнорира силата на каталонските чувства..

-Шпанија ќе продолжи да тврди дека гласањето не било во согласност со Уставот, но не може да ја игнорира силата на покажаните чувства, како што тоа не може да го направи ни меѓународната заедница, изјави министерката за надворешни работи на Шкотска Фиона Хислоп.

-Сега треба да започне дијалог за ова прашање да се реши со почитување на демократијата и владеење на правото и да овозможи на народот на Каталонија да си ја одреди иднината, рече таа.

Околу 90 проценти од каталонците го поддржаа референдумот одржан во неделата за независност на Каталонија. Шпанските власти изјавија дека референдумот не се случил откако претходно се обидоа да го спречат неговото одржување упатувајќи полициски сили и сили на националната гарда во каталонија за да ги затворат избирачките места. Над 800 луѓе се повредени во судирите со полицијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top