Шојгу: Воените врски меѓу Русија и Јапонија треба да бидат дел од политичкиот дијалог

Зајакнувањето на одбранбените врски меѓу Русија и Јапонија не треба да се изостават од динамиката на политичките контакти, изјави во Токио Шојгу..

Зајакнувањето на одбранбените врски меѓу Русија и Јапонија не треба да се изостават од динамиката на политичките контакти, изјави денеска во Токио рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу на средба со јапонскиот министер за одбрана Тамоми Инада.

Како што јави ТАСС, Шојгу нагласи дека минатата година билатералните односи се активирале и оти и покрај некои потешкотии, соработката меѓу Русија и Јапонија континуирано се развива.

Јапонскиот министер за одбрана изјави од своја страна дека ги смета за исклучителен настан престојните руско-јапонски консултации во Токио на министрите за одбрана и за внатрешни работи.

- Би сакал отворено да ги разгледаме прашањата поврзани со политиката во областа на одбраната и состојбата во регионот, рече Инада.

Тој денеска на средбата со Шојгу изрази и протест против распоредувањето на руска дивизија на јужните Курилски острови, како и на ракети „Земја-брод“.

На Јужните Курилски Острови Итуруп и Кунашир минатата година беа распоредени ракетни комплекси „Бастион“ и „Бал“. Во 2015 година таму беа поставени и зенитни ракетни комплекси „Тор-М2У“. Сега Русија ја разгледува можноста за создавање на база на Пацифичката флота на Големиот Курилски ланец.

Во февруари руското Министерство за одбрана соопшти дека оваа година се планира да заврши формриањето на четири нови дивизии, вклучувајќи и за заштита на Курилите.

Ова беше негативно пречекано од Токио и Владата испрати до Москва протест, во кој се наведува дека таквото зајакнување на военото присуство на Русија не соодвестува со позицијата на Токио кон териториите. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top