Шок во Реал Мадрид: Позната тежината на повредата

Мечот со Барселона, тимот на Реал Мадрид би можело да го чини многу, доколку се потврдат информациите за сериозноста на повредата на Кристијано Роналдо..

Португалецот при погодокот за 1-1, се пожали на повреда. Интервенираше лекарскиот тим на „кралевите“ и го доигра првиот дел и замина на пауза. Во вторите 45 минути воопшто не се појави на терен откако беше заменет со Асенсио.

Првичните шпекулации велеа дека Зидан измената ја направил за предпазливост, но најновите информации од Шпанија велат дека Роналдо има посериозна повреда на мускулот на ногата.

Официјална потврда се уште нема, а има сериозна закана Роналдо да го пропушти финалето од ЛШ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top