Шок во светот на кошарката - Коби Брајант повеќе не е меѓу нас

Заедно со Кобри Брајант, загина и неговата 13-годишна ќерка Џијана..

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, маестралниот Коби Брајант повеќе не е меѓу нас, оваа страотна и неочекувана информација ја пренесуваат медиумите во САД.

Според информациите од колегите од САД, Коби загинал во хеликоптерска несреќа, а покрај него во хеликоптерот имало повеќе лица. 

Коби со години патувал со хеликоптер, така одеше и на натпреварите додека тој играше за Лејкерс. Коби зад себе ги остави неговата сопруга Ванеса, како и нивните четири ќерки.

Легендата во НБА освои буквално се што можеше да се освои. 18 пати беше дел од Ал-стар натпреварот, во неговата 20-годишна кариера. Беше избран за прв пик на драфтот 1996 година, освои 5 НБА титули, двапати беше МВП во финалната серија, а еднаш и МВП во лигата.

Лејкерс во негова чест ги повлекоа броевите 8 и 24, со тие тој настапуваше во нивниот тим.

Заедно со Коби Брајант загина и неговата 13-годишна ќерка, Џијана.

Коби беше во брак со Ванеса со која има и три други ќерки.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top