Шокантно откритие: Зидан не бил прв избор на Флорентино, но играчите не сакале да слушнат за другиот

Зинедин Зидан не бил прв избор на претседателот на Реал, Флорентино Перес за наследник на Сантијаго Солари на клупата на овој тим..

Тој инсистирал на таа позиција да се врати Жозе Мурињо, дури бил подготвен да влезе во конфликт со најголемите ѕвезди, но против Португалецот бил цел играчки кадар. Поради тоа дошло до промена на планот.

„Лидерите во соблекувалната се спротивставиле на можноста за назначување на Мурињо, а со нив и другите фудбалери. Тој остави во Реал многу проблеми и веројатно ќе направеше уште еден со своето доаѓање. Сметам дека Мурињо ќе беше чекор назад, тој е добар тренер, освои многу трофеи, но во Реал не го сакаат“, изјави поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон.

Многу веројатно против доаѓањето на Зидан биле Бејл и Себаљос, но кој ги прашува нив…



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top