Шпанците тврдат дека „бомбата“ активирана: Атлетико денес добива огромно засилување!

Според мадридска „Марка“, Атлетико Мадрид во текот на денешниот ден би требало да го претстави Жоао Феликс како свој нов играч..

Младиот Португалец е голема желба на „Јорганџиите“, но неодамна управата на Бенфика се огласи и ги демантираше наводите на медиумите дека постои договор помеѓу двете страни.

Сепак, изгледа дека Феликс на крајот ќе заврши на „Ванда Метрополитано“, тој го прекина својот одмор со цел да ги направи лекарските прегледи и да ја заврши документацијата.

Се чека само Атлетико да уплати 120 милиони евра на сметка на Бенфика, со што би го срушиле клупскиот рекорд.

Атлетико се обиде да ја спушти цената со вклучување на неколку играчи, но претседателот на португалскиот клуб не се откажува, ќе прифати да го продаде Феликс само ако некој ја плати клаузулата.

Изгледа дека во Мадрид се помириле со судбината, денеска се очекува официјалната потврда.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top