Шпанија не успеа да победи, но Серхио Рамос е големиот херој на денот

Репрезентацијата на Шпанија го расипа перфектниот ефект во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а со тоа и не успеа да го запечати пласманот на него..

На гостувањето кај Норвешка одигра 1-1 иако до 90. минута имаше водство со голот на Саул Нигес. Домаќинот доби пенал и Кинг и донесе бод на Норвешка кој најверојатно нема да помогне многу во обидот на оваа земја да се врати на големите натпреварувања.

Сепак, најголемиот херој од овој меч е капитенот Серхио Рамос кој го одигра 168. меч за репрезентацијата и стана рекордер, надминувајќи го Икер Касиљас. Со оглед на тоа што има 33 години, фудбалерот на Реал би можел да стигне и до бројката од 200 настапи во националниот тим, само ако одлучи да остане во него барем до Светското првенство во Катар.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top