Шпанија, последна земја што треба да го ратификува Протоколот на НАТО за Македонија

Франција го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО..

Целосното членство сега  зависи само од ратификацијата на Протоколот во Шпанија, но сè уште не се знае кога ќе завршат преговорите за формирање на новата влада и кога новата Влада ќе добие поддршка во шпанскиот Парламент. 

Според министерката за одбрана, Радмила Шекеринска земјата навреме ги исполнила сите потребни реформи за НАТО.

Американската амбасадорка Брнс рече дека Скопје ќе биде важен сојузник на САД.

“Ние сме многу среќни што за неколку месеци Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО. Како што изјави вчера државниот секретар Помпео, безбедноста за нашиот народ значи добредојде на Северна Македонија. Ова е исто така важно за луѓето од Северна Македонија кои долго време го посакуваа ова.. Но, членството во НАТО има и барања, обврски за безбедноста”-изјави Кејт Мари Бирнс, американски амбасадор.

На конференцијата, на која се разговараше за улогата на жените во одржувањето на мирот и безбедноста, соодветно на Резолуцијата 1325, се потенцираше потребата за постигнување родова еднаквост во институциите. Најновата стратегија на НАТО има за цел да обезбеди интеграција, инклузивност и интегритет на жените во воените мисии и операции. Во војската само 10% се жени, па Шеќеринска вети дека овој број ќе расте.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top