Шпанија сепак пресилна за Македонија

Младата фудбалска селекција на Македонија за играчи до 21 години го забележа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година..

Вечерва избраниците на селекторот Благоја Милевски немаа сили за изненадување против фаворизираната Шпанија која на домашен терен славеш со сигурно 3-0

„Фуријата“ го отвори рано резултатот и поведе во 7. минута за 1-0 преку Ману Гарсија.Со овој резултат се замина на паузата помеѓу двата дела.

На самиот старт на вториот дел Серафимов си постигна автогол па Шпанија го реши мечот. Во самиот финиш печат на победат стави Педроса со гол во 87. минута.

По комплетирање на тековното коло, Шпанија е прва со 12 бода, додека на делба на второто место со по 7 бода е и Македонија со Израел и Казахстан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top