Шпанскиот јавен обвинител почина среде истрагата за каталонските лидери

Јавниот обвинител на Шпанија, Хосе Мануел Маза почина во Аргентина, соопшти синоќа Владата во Мадрид..

Премиерот Маријано Рахој, од иметото на својот кабинет, изрази на Твитер сочувство кон роднините, пријателите и колегите на Маза. Медиумите објавија дека 66-годишниот Маза починал вчера в болница во Буенос Аирес.

Тој се лекувал од инфекција, и засега не се соопштува за каква точно инфекција станува збор. Маза ја водеше истрагата против сменетите лидери на регионалната влада на Каталонија кои беа обвинети за бунт, измами и злоупотреба на функцијата.

Истрагата почна по референдумот за независност на областа, кој е сметан за незаконски од страна на Мадрид, и откако на 27 октомври каталонските пратеници прогласија независност на Каталонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top