Шпанскиот уставен суд ја забрани седницата на каталонскиот Парламент

Шпанскиот Уставен суд нареди привремена суспензија на седницата на каталонскиот парламент планирана за понеделник на која регионалните функционери би можеле да прогласат независност од Шпанија..

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ги повика властите на Каталонија да се откажат од плановите за прогласување независност, за да се избегне поголемо зло.

Уставниот суд истакнува дека таквиот потег би претставувал „кршење на уставот“.

Опозицискиот социјалистички блок во регионалниот парламент, каде сепаратистичките партии имаат тесно мнозинство, побара да се блокира седницата предвидена за понеделник.

Адвокатите на регионалниот парламент исто така предупредија дека таа седница би била нелегална бидејќи на неа треба да се разгледуваат резултатите од референдумот одржан во неделата, на кој над 90 отсто од гласачите се изјаснија за независност на Каталонија, кого претходно шпанскиот уставен суд го забрани.

Каталонија веќе најави дека ќе прогласи независност најверојатно кон крајот на оваа или почетокот на следната недела.

Шпанија веќе е изложена на сепаратистички барања од Баскија на северот, и од почетокот на септември поминува низ најтешката политичка криза од неуспешниот воен удар во 1981 година, наваму.

Каталонскиот парламент на 6 септември оваа година усвои закон за органзиација на референдум, иако Уставниот суд на Шпанија го забрани, со образложение дека тие што се залагаат за независност ова го бараат од 2012 година.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ги повика властите на Каталонија да се откажат од плановите за независност за да се избегне поголемо зло. Во интервју за новинската агенција ЕФЕ Рахој рече дека решението за Каталонија е брзо враќање на легалитетот и потврда што е можно побрзо дека нема да има еднострано прогласување на независност.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top