Што ќе биде со Вардар: Газда Сергеј оди кон Монако

Генералниот спонзор на брендот Вардар последните неколку години, Сергеј Самсоненко, потпиша договор за спонзорство со францускиот прволигаш, тимот на Монако..

Освен во Вардар, Самсоненко е спонзор на повеќе места и во повеќе клубови, а наскоро тоа ќе биде пример и со Монако.

„Бет Сити веќе соработува со ЦСКА Москва. Сакаме да бидеме од помош на Монако па се надеваме дека ќе ги оствариме нашите цели околу маркетингот“, порачал Самсоненко.

Иако ситуацијата не е баш најсјајна со ФК Вардар, сепак газда Сергеј, го шири бизнисот и се сели кон Монако.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top