Што позајми Илон Маск од Русите за да им создаде моќно летало на Американците

„SpaceX“ во среднорочна перспектива сака да испраќа во вселената, не само товар и астронаути, туку и туристи“.

Илон Маски и неговиот „СпејсИкс“ го презедоа од Русите концептот кој предвидува раздвојување на испораката на луѓе и товар, пишува германскиот „Тагесшпигел“.
Како што се наведува во текстот, во новата американска вселенска концепција, во споредба со претходната, многу нешта се сменија: почнувајќи од материјалот до економскиот модел и модата.

„Во новата американска концепција се предвидува одвоен превоз на луѓето и материјалот. Порано во капсулата можеше да се превезуваат (и се превезуваа) и тони материјали и повеќе од 20 членови на посадата“, пишува авторот на текстот, укажувајќи дека „Русите од самиот почеток се потпираа на одвоени лансирања на вселенските товарни бродови и на бродовите со посада. Одвојувањето на испораката на луѓе и товар во Вселената, како што смета Маск, е поважно и од други причини“, пишува „Тагесшпигел“.

Така „SpaceX“ во среднорочна перспектива сака да испраќа во вселената, не само товар и астронаути, туку и туристи“, пишува весникот.

И во тоа Русите без први, зошто туристот Денис Титов го префрлија на Меѓународната вселенска станица во 2001 година“, заклучува весникот.

Вселенскиот брод „Драгон кру“ со двајца членови на посадата, Даглас Харли и Роберт Бенкен, е лансиран во саботата на ракета – носач „Фалкон 9“ од космодромот Кејп Канаверал на Флорида.

Претходниот обид за лансирање, закажан за 27 мај, е откажан непосредно пред лансирањето поради лошите временски услови. Бродот се спои со Меѓународната вселенска станица во неделата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top