Што сакаше да каже Куртоа: Имам две деца во Мадрид

Белгискиот репрезентативец и член на Челси, Тибо Куртоа повторно ги разбранува духовите во Шпанија..

Поранешниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид неколку години е на радарот на Реал Мадрид, но до трансфер не дојде, пред поради цврстиот договор со Челси. По натпреварот со Барселона, тој даде уште една изјава која повторно може да биде погрешно протолкувана.

„Мојата иднина е нејасна. Кога велам дека ми недостига Мадрид, луѓето погрешно го толкуваат тоа. Имам две деца таму и навистина не ми е лесно. Ми останува уште една сезона од договорот со Челси, среќен сум во клубот, но не знам што ќе се случува. Не верувам дека Флорентино Перес мене ќе ме бара, можеби ќе се слушне со агентот и од него ќе слушне за моите услови”, изјави Куртоа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top