Што се крие зад „завесата од чад“ на коронавирусот?

Додека насловите, емисиите и социјалните медиуми во Италија сега се преплавени со глобалната тема за коронавирус, 20.000 американски трупи се распоредуваат на дури седум европски аеродроми.

За кои цели, вкупно 37.000 американски вооружени војници дојдоа на наоружени до заби? Можеби да им помогнат на државите да го сопрат овој „опасен“ вирус или да им помогнат на оние кои го направија тоа? Апсолутно не !!!

Дојдоа да се стационираат или, користејќи ги зборовите на врвните американски офицери, да се „шират“ низ европска територија, за да ја започнат воената вежба „Европеец 20“ која ќепочне во април и треба да заврши во јули?

Дали граѓаните се обавестени за што се рабти? Очигледно не! „Europe Defender 20“ е вежба дизајнирана од владата на САД во соработка со НАТО за да ги „тестира“ стратегиите што САД и Европа ќе ги користат доколку се случи хипотетичка војна.

Закана од кого? Очигледно единствената „хипотетичка закана“ за Америка е Русија (сојузник на Кина) со која тие одамна доброволно создадоа големи тензии.

Но, да го анализираме тоа. Покрај 37.000 воени лица, за оваа вежба ќе бидат увезени и 14.000 воени возила (т.е. тенкови, хеликоптери и сл.), апропорционално исто толкумуниција. Ама чекајте, прогласена е пандемијата, сите собирања се откажани заради коронавирусот...

Можеби војниците ќе дојдат со соодветни маски и мерки на претпазливост за да ја направат оваа „вежба“?

Очигледно не! Според американските офицери, овие војници се целосно здрави, па затоа се целосно имуни на коронавирусот.

Доколку не се имуни, зошто не е одложена само оваа воена вежба, со оглед на препораката на СЗО за ширење на овој вирус и медиумскиот, социјалниот, здравствениот, политичкиот и економскиот хаос што овој вирус го создаде во светот?

Зошто италијанските граѓани можат да го добијат овој вирус и само американската војска може да се движи низ истата Италија без никакви проблеми?

Зошто беше решено вежбата да се изврши во географска положба што ќе обезбеди хипотетички конфликт со Русија, а не во други области што гледаат на други хоризонти?

Зошто 95 проценти од медиумите молчат?

Зошто не зборуваат сите претставници на италијанската политика?

Ако војниците се имуни на коронавирус, дали тоа значи дека вирусот не е толку опасен или веќе постои вакцина?

Трамп им забрани на Американците да патуваат во ЕУ, но не и на американските војници, зарем оваа опасност од таканаречениот вирус не важи за американските војници !?

Русија постави голем број прашања во врска со овие вежби, на кои не доби одговор и врз основа на тоа веќе изјави дека ќе ја одржи својата воена позиција во рамките на своите граници.

Резиме:

Кина, сојузник на Русија, пред неколку месеци потпиша договор со Италија (договорот ги регулира трговските односи во Средоземното Море, и дека Италија, врз основа на својата стратешка позиција, ќе застане рамо до рамо со Кина дури и ако ЕУ забрани), така што трговските односи стануваат цврсти помеѓу Италија и Кина. Со самиот чин на потпишување на Договорот, моќта на Америка над Италија е многу помала, но не и безначајна.

Се разбира, од моментот на сојузот меѓу Кина и Италија, се случува експлозија на Коронавирус, која започнува да ги уништува и парализира најмногу Италија и Кина.

Кина и Русија со години се неспорни трговски противници на САД, бидејќи нивната важност во голема мерка го намалува монополот на доларот на глобалниот пазар, а тоа, во споредба со САД, создава значителни загуби на моќ и економски и геополитички.

Веќе некое време, Америка прави сè што може за да ја испровоцира Русија со трговски санкции и воени провокации во Сирија, Иран, Украина и сè што влијае на нејзините комерцијални и геополитички интереси.

Додека граѓаните на светот се проектираат со очи и уши на коронавирус во Европа, Кина и Италија ... Америка, во меѓувреме, одлучи да продолжи да ги носи своите трупи на границите со Русија без никакви проблеми!

Па, зошто толку голем притисок да се вооружат американските трупи во алармантни количини за лесно вежбање и покрај сè, и знаејќи дека тоа предизвикува високо ниво на узбуна во Русија?

Феноменот на „коронавирус“ е корисно средство за оддалечување и подготовка на голем дел од светските граѓани за нешто поважно што треба да се случи, што во овој случај секако нема никаква врска со справување со вирусот на грип.

Драги мои новинари, политичари и граѓани, вашиот глобален геополитички систем се распаѓа пред вашите очи. Нешто се случува, а не е прашање на теорија на заговор, туку на геополитички факти што се случуваат и може да се проверат во секој момент во седум европски земји.

Ова е тема што треба да ја постават медиумите и да почнат да го разоткриваат она што стои зад завесите од чад на коронавирусот!

Пишува српскиот новинар Саша Боројевиќ

Фотографиите се направени во Трст на 10 март. 2020 година


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top