Што се нема да видиме во македонскиот фудбал: Докторот си отишол во 35. минута, мечот не се доигра

Од ден на ден ни пристигаат се почудни случувања во рамки на македонскиот фудбал..

Но она што денесе се случило е навистина чудно и во најмала рака жално. Имено мечот од Третата лига за пионери помеѓу Сарај и Кул Здравје кој се играше на стадионто во село Љубин не го дочека крајот.

Имено како што се наведува во записникот од мечот кој исто така е неправилен, се вели:

„Лекарот го напушти теренот во 35 минута од првото полувреме и поради тоа не се одиграа второто полувреме…“.

Кога велиме записникот не е правилен, во истиот воопшто го нема наведено името на лекарот, но и на другите официјални лица на мечот од двете екипи.

Но ако мислите дека ова е се, се лажете. На мечот помеѓу овие две екипи, но во конкуренција на помлади пионери, контролорот Аритоновски Јован не се појавил. Во овие категории нема делегат, па контролорот е тој кој треба да се погрижи за утврдување на правилата и прописите. Во една ваква ситуација се поставува прашањето, каква е регуларноста.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top