Шулц: Ќе има европски министер за финансии

Лидерот на германските социјалдемократи, Мартин Шулц најави дека ЕУ наскоро ќе воспостави функција министер за финансии..

Ова Шулц го најави откако беше објавено дека е постигнат начелен договор за нова широка коалиција во Германија.

Прашањето за тоа како новата германска влада ќе се постави кон ЕУ, било едно од клучните во преговорите помеѓу париите на Меркел и Шулц.

– Ќе има европски министер за финансии, изјави Шулц, чија партија се залага за подлабоко врзување на членките на ЕУ.

Шулц бараше Меркел да го прифати предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за зацврстување на ЕУ и формирање на заедничко европско министерство за финансии.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top