Шумахер тајно преместен во болница во Париз, ќе добие третман од специјалист за срце

Седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер од својот дом од Швајцарија е пренесен во клиника во француската престолнина, инфомираа светските медиуми..

Според „Ле Паризиен“, легендарниот Шуми кој долго време е надвор од очите на јавноста по инцидентот, падот на фрацуските Алпи е доведен во Париз каде ќе има третман на матични клетки, спроведен од францускиот хирург Филип Менаш кој е специјалист за срце.

Повеќе детали засега не се обелоденуваат во јавноста, а за ситуацијата коментар не сакаше да даде ниту потпоролката на Шумахер, Сабине Кем.

Михаел пред повеќе од пет години се здоби со тешка повреда на главата додека скијаше, па одреден период се наоѓаше и во кома. Во јануари оваа година неговото семејство објави соопштение до јавноста во кое порачаа дека тој е во најдобри раце.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top